Вести / Европа
Најмалку еден загинат при минофрлачки напади во Јужна Осетија
Тбилиси, 4 јули (МИА) - Најмалку едно лице загина, а девет други се ранети во текот на минатата ноќ, при минофрлачки напади на грузиските сили врз главниот град на самопрогласената република Јужна Осетија, Цхинвали, соопштија денеска јужноосетиските сепаратистички власти.
- Грузиските сили изминатата ноќ неколку часа стрелаа врз Цхинвали и врз неколку села во неговата околина, соопшти претставник на властите на Јужна Осетија.
Тој нагласи дека поради нападите, вооружените сили на Јужна Осетија биле ставени под целосна борбена готовност
Од друга страна, претседателот на овој сепаратисточки грузиски регион, Едуард Кокојти во изјава за руската телевизија „Вести“ рече дека при нападите загинале две лица.
Претставник на грузската Армија ги потврди нападите, додавајќи дека припадниците на вооружените сили на Грузија само возвратиле на огнот, откако претходно врз нив било стрелано од страна на сепаратистичките војници.
|
|