недела, 12.10.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Европа

Молдавски министер предложи широка автономија за Придњестровје

Кишињев, 4 јули (МИА) - Молдавскиот министер за реинтеграција Василе Шова во вторникот предложи да и се дозволи широка автономија на отцепената област Придњестровје, како решение за еден од најзамрсените замрзнати конфликти во светот. 

Рускојазичното Придњестровје се отцепи од романскојазичната Молдавија по граѓанската војна која заврши во 1992 година. Од 1994 година се водат преговори за нивно обединување, кои повеќе пати завршуваа без решение поради несогласувањата меѓу Кишињев и Тираспол за правата на Придњестровје под суверенитетот на Молдавија доколку областа се врати под молдавска контрола.

Шова, кој е и главен преговарач од страна на комунистичката Влада во дијалогот по ова прашање, во вторник во еден весник предложи широки права на самоуправување за Придњестровје, како и други сериозни отстапки од страна на Молдавија, во замена за брзото обединување.

- Придњестровје треба да има статус на самоуправна република со сопствен устав, судски систем и полиција, и да има право да се одвои од Молдавија во одредени ситуации, изјави Шова.

Предлогот на Шова вклучува и уставна промена, која ќе гарантира меѓународна неутралност на Молдавија, со што се исклучува приклучувањето кон НАТО во иднина, како и целосна демилитаризација.

„Проектот за дискусии“, како што Шова го нарекува списокот со своите предлози, вклучува и уставни гаранции за придњестровските индивидуални и колективни права на цела територија на Молдавија и гарантирани 20 проценти од местата во Парламентот за придњестровските пратеници.

- Ако областа го прифати планот за обединување, молдовскиот Парламент, во кој мнозинството го има владејачката Комунистичка партија на претседателот Владимир Воронин, ќе ги одобри уставните и законските промени за еден месец, вети министерот за реинтеграција.

Сензационалниот предлог на Шова доаѓа неколку дена откако Воронин во интервју за шпанскиот весник „Паис“ го повика рускиот претседател Дмитриј Медведев да се приклучи во решавањето на придњестровското прашање, „што ќе му ги обезбеди на меѓународната сцена ловорите на лидер, кој е способен да решава меѓународни конфликти“.

Во моментов во отцепената територија се распоредени 3.000 руски војници. Кремљ вети дека ќе ги повлече сите свои војници од Придњестровје до крајот на 2003 година, но тоа не го направи со образложение дека регионот е премногу нестабилен за ра си заминат руските воени сили.


Наjновo од Вести
Коњановски во посета на македонските мировници во Ирак
67 години од почетокот на антифашистичкото востание и НОВ
Се надеваме дека Скопје ќе ја напушти непопустливоста
Авганистан ќе дозволи напад на фабриките со опиум
Балканот ризикува од нова војна
Србија да беше на местото на Македонија многу порано ќе преземеше ваков чекор
Во Свети Николе почна академската година на Меѓународниот славјански институт филијала во Македонија
Терористите од бомбашките напади во Лондон и Глазгов тврдат дека немале намера да предизвикаат експлозии од поголеми размери
ЗНД координира акција во борба против финансиската криза
ЕУ и Советот на Европа потпишаа декларација за укинување на смртната казна
Исчезнат компјутерски диск на британското Министерство за одбрана со доверливи податоци
Солана: ЕУ има конструктива соработка со руските офицери во Грузија
Загина олимпискиот шампион во нордиско скијање од Калгари 1988 Алексеј Прокуров
Околу 40 проценти од работните места во индустријата во Шведска ќе исчезнат
Во Велика Британија ирански терорист од пред 28 години помилуван од издржувањето на доживотен затвор
Саркози во врска со сопругата на еден од сегашните министри
Гордон Браун ги обвини исландските власти за колапсот на нивните банки
vibe tribe
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи