сабота, 30.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Европа

ОБСЕ изрази „сериозна загриженост“ поради најновите тензии во Јужна Осетија

Хелсинки, 4 јули (МИА) - Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) денеска изрази „серизона загриженост“ поради зголемувањето на насилствата во грузискиот сепаратистички регино Јужна Осетија и ги повика двете страни на смирување на страстите.

- Длабоко сме загрижени поради последната серија на инциденти во кои се загубени и човечки животи и се предизвикани сериозни штети во грузиските кризни подрачја, изјави финскиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ, Александар Стуб.

Тој ги повика „сите страни“ да ги преземат неопходните чекори за обнова на дијалогот и за враќање на меѓусебната доверба.

- ОБСЕ продолжува внимателно да ја следи состојбата и е пдоготвена да им помогне на страните да ги намалат тензиите, порача Стуб.

Рекацијата на Стуб уследи по последниот инцидет од изминатата ноќ, во кој загина едно лице, а девет други се ранети при минофрлачки напади на грузиските сили врз главниот град на самопрогласената република Јужна Осетија, Цхинвали.

Според сепаратистичките власти на Јужна Осетија, кои ја зголемија борбена готовност на своите сили и прогласија општа мобилизација, грузиските сили неколку часа стрелале врз Цхинвали и врз неколку села во неговата околина.

Претставник на грузската Армија ги потврди нападите, додавајќи дека припадниците на вооружените сили на Грузија само возвратиле на огнот, откако претходно врз нив било стрелано од страна на сепаратистичките војници.


Наjновo од Вести
ЕУ да даде објективна оценка за настаните во Јужна Осетија
Косовар планирал атентат врз британскиот премиер
Грчки интернет страници нападнати од "Македонската Сајбер Елита"
Во судири во Пакистан убиени 26 лица
Во судири во Пакистан убиени 26 лица
Во Мароко уапсени 15 членови на терористичка група поврзана со Ал Каеда
Грузија ги прекина дипломатските односи со Русија
Нестеренко: Русија се надева дека ЕУ ќе направи разумна анализа на руско-грузиската криза
Молдавија е против признавањето на независноста на Јужна Осетија и Абхазија
Тројца милитантни екстремисти обвинети за заговор против Гордон Браун и Тони Блер
Фереро-Валднер: ЕУ нема да ги прекине дипломатските врски со Русија
Дејвид Милибанд: Русија не смее да госодари со сфери на влијание до нејзините граници
Косачов: Признавањето на Јужна Осетија не го менува рускиот став за Косово
ЕУ нема да воведи санкции за Русија, тврдат француски извори
„Дејли Телеграф“: Русија ќе ја прекина испораката на нафта ако ЕУ налож санкции против Москва
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи