
|
 |
Вести / Европа
|
|
Штрајк на вработените на службите на безбедност на париските аеродроми
Париз, 4 јули (МИА) - Летовите од париските аеродроми „Орли“ и „Роаси“ можно е денеска да бидат реализирани со задоцнување, поради штрајк на вработените во службите за обезбедување, јави француската телевизија ТФ1
Според телевизијата, кон штрајкот се приклучиле најголемиот дел од вработените во фирмите кои се задолжени за гарантирање на сигурноста на воздушниот транспорт.
За да го намалат метежот на аеродромите, аеродромските управи воведоа специјален „зелен“ телефон на кој патниците можат да добијат информации за доцнењето и одлагањето на летовите.
Штрајкот, кој се организира со барање зголемување на платите и подобрување на условите за работа на вработените во службите за обезбедување, можно е да се прошири и на други аеродроми во Франција, наведува телевизијата.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|