четврток, 28.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Европа

„Фајненшл тајмс“: Владимир Путин ја „задушува“ работата на невладините организации

Лондон, 4 јули (МИА) - Владата на рускиот премиер Владимир Путин продолжува со политиката на „задушување“ на невладините организации во земјата, воведувајќи нови мерки против нивното дејствување, пишува „Фајненшл тајмс“.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, весникот вели дека деновиве руската Влада одлучила бројот на невладините организации во Русија, што може да примаат донации од странство, а да не плаќаат данок, е сведен на само 12, од преку стотина, колку што беа досега.

Реагирајќи на таквата одлука, невладините организации во заедничко соопштение издадено во Москва, тврдат дека мерките на премиерот Путин се „политички обоени“ и се само продолжување на политиката што тој ја спроведуваше и кога беше претседател на Русија.

Лондонскиот весник забележува дека додека Путин беше руски претседател, невладините организации во земјата беа под силен удар на властите, обвинувани дека работат против интересите на државата, дека служат на интересите на „непријателски“ настроената опозиција, како и тоа дека се само „прикрино орудие“ на странските разузнавачки служби.

Претставник на Владата во Москва, за „Фајненшл тајмс“ вели дека со новите мерки се настојува само да се воспостави ред во работењето и дејствувањето на овие организаци, демантирајќи дека тоа е направено од политички причини. Но, луѓето од невладиниот сектор ја обвинуваат Владата дека сега нивното работење е уште повеќе ограничено.

Според лондонскиот весник, голем број невладини организации најавуваат дека ќе се повлечат од Русија, затоа што не сакаат 25 отсто од приходите, колку што изнесува новата даночна стапка за овој сектор, да ги уплаќаат на државната каса.


Наjновo од Вести
Школски авион се урнал во близина на Охрид
Првични резултати за пријавени кандидати на државните универзитети во првиот уписен рок
Во Прилеп ќе се одржи манифестацијата „Летен културен бран“
Прилеп ја почнува кампањата за собирање и рециклирање пластична амбалажа
Груевски: Изградбата на северната трибина на Градскиот стадион според планираното
Уапсени двајца прилепчани осомничени за тешки кражби во Скопје
Нафтата поскапе поради заканата од ураганот Густав во Мексиканскиот залив
Швајцарската влада е против забраната за изградба на минариња во земјата
Жуков: И покрај замрзнувањето на односите Русија-НАТО останува на сила Договорот за ИСАФ
Додик: Нова политичка реалност на меѓународната политичка сцена
Рен:Брисел треба да го поддржи евентуалното членство на Украина во ЕУ
Уапсен уште еден осомничен за „заговорот“ против премиерот Браун и Тони Блер
Грузија ги редуцира дипломатските врски со Русија
НАТО го осуди признавањето на независноста на Абхазија и на Јужна Осетија
Ноговицин: Грузија планирање да ја окупира Абхазија
Потеринг: Треба да продолжи дијалогот меѓу Европа и Русија
НАТО со повик до Русија да ја повлече одлуката за признавање на независноста на Абхазија и Јужна Осетија
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи