четврток, 28.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Европа

На европските банки им недостасуваат меѓу 60 и 90 милијарди евра

Лондон, 4 јули (МИА) - На европските банки им е потребно да обезбедат капитал во износ од 60 до 90 милијарди евра за да можат да го одржат сегашното ниво на финансиско работење во услови на криза на глобалниот пазар на кредити, соопшти денеска инвестициската куќа „Голдман Сач“.

Експертите на „Голдман Сач“ проценуваат дека главна причина за зголемената загриженост на банкарските инвеститори е намаленатa кредитна активност и притисоците на кои се изложени банките поради засилената контрола на нивното работење од страна на надзорните органи.

- Доколку надзорот на работата се заостри банкарскиот сектор би можел да се врати на нивото од почетокот на минатата деценија, се наведува во извештајот на „Голдман Сач“ и се додава дека во таков случај на европските банки ќе им биде потребен дополнителен капитал за да обезбедат стабилно работење.

Водечките европски деловни банки, како швајцарската УБС, француските „Париба“ и „Сосиете Женерал“ и британската „Ројал банк оф Скотланд“ (РБС), веќе соопштија дека во текот на оваа година работат со загуби во износ од десетици милијарди евра.

Пазарната вредност на акциите на најголемите банки, но и на голем број други финансиски организации во првите шест месеци од годината се значително намалени во однос на август 2007 година кога започна кризата со хипотекарните кредити во САД.


Наjновo од Вести
Школски авион се урнал во близина на Охрид
Првични резултати за пријавени кандидати на државните универзитети во првиот уписен рок
Во Прилеп ќе се одржи манифестацијата „Летен културен бран“
Прилеп ја почнува кампањата за собирање и рециклирање пластична амбалажа
Груевски: Изградбата на северната трибина на Градскиот стадион според планираното
Уапсени двајца прилепчани осомничени за тешки кражби во Скопје
Нафтата поскапе поради заканата од ураганот Густав во Мексиканскиот залив
Швајцарската влада е против забраната за изградба на минариња во земјата
Жуков: И покрај замрзнувањето на односите Русија-НАТО останува на сила Договорот за ИСАФ
Додик: Нова политичка реалност на меѓународната политичка сцена
Рен:Брисел треба да го поддржи евентуалното членство на Украина во ЕУ
Уапсен уште еден осомничен за „заговорот“ против премиерот Браун и Тони Блер
Грузија ги редуцира дипломатските врски со Русија
НАТО го осуди признавањето на независноста на Абхазија и на Јужна Осетија
Ноговицин: Грузија планирање да ја окупира Абхазија
Потеринг: Треба да продолжи дијалогот меѓу Европа и Русија
НАТО со повик до Русија да ја повлече одлуката за признавање на независноста на Абхазија и Јужна Осетија
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи