
|
 |
Вести / Европа
Русија ја обвинува Шведска за лицемерие поради одбивањето да екстрадира чеченски терорист
Москва, 4 јуни (МИА) - Министерството за внатрешни работи на Русија ги обвини денеска шведските власти за „политичко лицемерие“, поради нивното одбивање да и го предадат на Москва Чеченецот, Аслан Адаев кој е обвинет за тероризам и други криминални дела.
- Позицијата на шведските власти не е ништо друго туку политичко фарисејство и обид да се делат терористите на лоши и добри, се наведува во соопштението на Министерството.
Москва изразува жалење поради ваквиот шведски став, наредувајќи дека ова не е прв случај Стокхолм „да одбива да соработува со Русија во практичните аспекти во борбата против тероризмот“.
Реакцијата на Министерството уследи по вчерашната одлука на Врховниот суд на Шведска, кој забрани екстрадиција на Адаев во Русија, со образложение дека обвинувањата против него се политички мотивирани.
Руските власти го товарат Адаев за тероризам, учество во илегална вооружена група, убиства и противзаконско поседување и шверц на оружје.
Шведска предходно одби да и ги предаде на Русија и братучедот на поранешниот чеченски сепаратистички лидер Аслан Масхадов, Махомед Успаев, кој е обвинет за киднапирање на фоторепортерот на руската агенција ИТАС-ТАСС, Владимир Јацин во 1999 година, кој оттогаш се води како исчезнат.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|