
|
 |
Вести / Европа
„Гардијан“: Абрамович се ослободи од функцијата што „не ја сакаше“
Лондон, 4 јули (МИА) - Сопственикот на лондонскиот фудбалски клуб „Челзи“, Роман Абрамович, кој веќе неколку години живее во Велика Британија, се ослободи од функцијата во политикта на Русија што „по се изгледа не ја сакаше“, оценува весникот „Гардијан“ во врска со вчерашната одлука на рускиот милијардер да поднесе оставка на местото гувернер на Чукотка.
Како што јави дописникот на МИА од Лондон, весникот тврди дека по минатогодишните неушпесни настојувања да не биде повеќе гувернер на Чукотка, област на крајниот североисток од Русија, овојпат Абрамович успеал да го убеди Кремљ дека не треба повеќе да биде на таа функција.
Абрамович во областа има инвестирано „повеќе милијарди долари“ за нејзиниот побрз развој, најмногу поради, како што вели весникот, „пријателскиот притисок“ на поранепниот руски претседател Владимир Путин.
Со парите на милијардерот Абрамович, малку се подобрени условите за живот на околу 50 илјади жители на Чукотка, но извори на лондонскиот весник во Москва велат дека тешко ќе може да се најде друг човек, кој ќе даде толку многу свои пари за тој далечен и изолиран дел од руската територија.
Според „Гардијан“, Роман Абрамович мозел да се повлече од функцијата гувернер, само затоа што Путин не е повеке во Кремљ.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|