
|
 |
Вести / Европа
Швајцарско радио тврди дека колумбиските бунтовници добиле 20 милиони долари за да ја ослободат Ингрид Бетанкур
Женева, 4 јули (МИА) - Лидерите на бунтовничките Колумбиски револуционерни вооружени сили (ФАРК) добиле 20 милиони долари за да ја ослободат Ингрид Бетанкур и 14-те други заложници, тврди швајцарското радио „Свис Романд“, пренесува Франс прес.
-Петнаесетмината заложници всушност се откупени со висока сума, а дури потоа е исценирана целата операција на спасување, соопшти радиото, повикувајќи се на „извор близок до настаните“ кој е сериозен и многупати проверен во изминатите години.
Во последните години Швајцарија, заедно со Шпанија и Франција, беше инволвирана од колумбискиот претседател Алваро Урибе во посресднички мисии со бунтовниците на ФАРК.
Според радиото на грабнувачите им се исплатени околу 20 милиони долари а трансакцијата е извршена од САД. Тројца американски државни чиновници се наоѓаат меѓу 15-те ослободени заложници.
Според швајцарското радио посредник во настанот била сопругата на еден од чуварите на заложници, уапсена од колумбиската армија, која откако се вратила во ФАРК го убедила својот сопруг да ја смени страната.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|