
|
 |
Вести / Европа
|
|
Шеријатското право би можело да се применива во рамките на британскиот правен систем
Лондон, 4 јули (МИА) - Определени принципи и правила, набележани во исламското шеријатско право, би можеле да се применуваат под одредени услови и во бритаскиот правен систем, изјави лордот Филипс, највисоко рангираниот судија во Англија и Велс.
Според лордот-судија, како што јави дописникот на МИА од Лондон, нема пречка принципи од шеријатското право да не може да се употребуваат во размислувањето во судовите, но дека тоа би можело да се прави во рамките на единствениот важечки правен систем во земјата.
Шериајтското право е систем од правила кои го определуваат однесувањето на муслиманите во светот и кое за многумина од нив е единственото што тие го прифаќаат и на кое му веруваат. Повеќето современи муслимански држви во светот го имаат отфрлено шеријатското право, кое се потпира врз исламските традиции и верувања.
Во февруари година, надбискупот на Англиканската црква Роуан Вилијамс прв порача дека делови од шеријатското право би можеле да се применуваат во Велика Британија, посебно делот што ги регулира семејните односи, но неговата изјава предизвика бура од протести во британската јавност.
Лордот Филипс сега вели дека во Велика Британија има „раширено недоразбирање" околу шеријатското право. Тој меѓутоа ја отфрла можноста да се прифатат одредбите за физичко казнување, како што е тепањето со стап или камшик, каменувањето или отсекувањето на раце.
Претставник на Советот на муслиманите во Велика Британија ја поздрави изјавата на судијата лорд Филипс и објасни дека со користењето на делови на тоа право како „можноста за размислување“, не се создава двоен правен систем во земјата.
Изјавата на највисоко рангираниот судија, лордот Филипс доаѓа по предупредувањето на првиот британски муслиман што е вклучен во владата Сехад Малик, за тоа дека муслиманите во Велика Британија се чувствуваат како „евреите во Европа“ во раните триесети години од 20-от век. За британскиот Канал 4 тој тврди дека земјата е соочена со широк бран на антисламски предрасуди.
Последното истражуванје на агенцијата ИЦМ покажува дека 51 отсто од Британците го обвинуваат исламот за терористичкиот напад во лондонскиот јавен транспорт од 2005 година, а повеќе од четвртина од домашните муслимани сметаат дека исламските вредности не се соодветни на британските.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|