
|
 |
Вести / Европа
Полска нема да ја блокира ратификацијата на договорот од Лисабон, соопшти Елисејската палата
Париз, 4 јули (МИА) - Полскиот претседател Лев Качински го увери својот француски колега Никола Саркози дека Полска нема да го блокира процесот на ратификација на европскиот договор од Лисабон, соопшти денеска Елисејската палата.
- Полскиот претседател рече дека Полска нема да претставува пречка за ратификацијата на договорот, се наведува во соопштението објавено по телефонскиот разговор меѓу Качински и Саркози, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ.
На почетокот на неделата Качински изјави дека е бесмислено да ја потпише Одлуката за ратификација на новиот европски договор, што ја усвои полскиот Парламент, откако спогодбата беше отфрлена на референдумот во Ирска на 12 јули.
За да стапи на сила Лисабонскиот договор треба да биде ратификуван од страна на сите 27 земји-членки на Унијата.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|