вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Томас Миров ја презеде должноста претседател на ЕБОР

Лондон, 4 јули (МИА) - Германецот Томас Мироц денеска официјално ја презема должноста нов претседател на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), заменувајќи го Жан Лемијер, кој беше на чело на оваа финансиска институција во изминативе осум години.

Миров досега ја извршуваше функцијата државен секретар во германското Министерство за финансии, при што беше задолжен за утврдување на политиката на финансискиот пазар и за активностите на меѓународните финансиски институции и мултилатералните банки за развој.

На должноста претседател на ЕБОР Миров беше избран на Годишната конференција на Банката што се одржа на 18 и 19 мај во украинскиот главен град Киев.

По повид стапувањето на новата должност Миров изнесе пофалби за земјите во регионот во кој дејствува ЕБОР, за, како што рече, „извонредниот напредок што го оствариле“.

- Патот што стои пред нас нема да биде лесен. Треба да се направат уште многу работи. ЕБОР е подготвена и расположена да биде долгорочен партнер на овие земји во развојот на нивната пазарна економија, изјави Миров.

ЕБОР е формирана на почетокот на 90-тите години на минатиот век со задача да ја забрза транзицијата на поранешните комунистички држави од Источна Европа кон пазарното стопанство.


Наjновo од Вести
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
ЕК претстави план за борба против измами со ДДВ
Романот „Трчај дома“ од Лори Лансенс, најново издание на клубот „Матица“
ЕК повика на засилување на политиката на превенција од инфицирање со ХИВ/СИДА меѓу младите лица
Саркози, Туск и Тадиќ меѓу кандидатите за „европски политичар на годината“
Затвор за мајка во Германија поради убиство на две бебиња
Флоранс Хартман пред Хашки трибунал на 5 февруари идната година
Поплава во Венеција
Eксплозија во фабрика за пластика и хемикалии во англиската област Беркшир
На повидок втор референдум за Лисабонскиот договор во Ирска
Берлускони во нов судир на интереси
Државата ќе им дава хероин на зависниците во Данска
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи