четврток, 24.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Европа

Инцидент во нуклеарна централа во Франција

Париз, 24 јули (МИА) - Околу 70 вработени во нуклеарната централа Трикастен, во југоисточна Франција вчера претрпеа полесно озрачување со радиоактивни честички, јавија француските медиуми.

Стотина вработени во нуклеарната централа се евакуирани, а кај приближно 70 од нив е утврдена блага радијација, соопштија претставници на француската електродистрибуција.

Директорот на нуклеарната централа Ален Пекре оцени дека овој инцидент „нема последици“.

Властите соопштија дека инцидентот е без последици по здравјето на луѓето и за животната средина, што предизвика остри реакции од страна на еколошките организации.

Спротивно на официјалните соопштенија според кои овие загадувања не се опасни еколошката организација „Да се стави крај на нуклеарното“ во соопштение потенцира дека во 1990 година „мошне официјалната Меѓународна комисија за радио-заштита призна дека секоја доза на зрачење со себе носи ризик од канцерогени и генетички заболувања“.

На почетокот на месецов околу 74 килограми течен ураниум истече од фабриката Сокатри, која работи во рамки на нуклеарната централа Трикастен.


Наjновo од Вести
Трибина „Од култура на насилство кон култура на мир:Трансформирање на човековиот дух“
Лондонскиот „Њуз оф д ворлд“ го загуби спорот со претседателот на Меѓународната автомобилска федерација
Караџиќ го користел идентитетот на мртов босански војник
Две лица загинаа во поплави во Словачка
Почнува Меѓународниот фестивал на античка драма „Стоби 2008“
Браќа од Србија 21 година биле робови во Македонија
В недела во Трново 28. семакедонска средба
Шеесет проценти од бегалците од Ирак бараат азил во Шведска
Францускиот Парламент ја усвои реформата на работното време, со која се настојува да се стави крај на 35-часовната работна седмица
Инцидент во нуклеарна централа во Франција
Италијанскиот Сенат ја одобри ратификацијата на Лисабонскиот договор
Британските брачни партнери Дарвин осудени на по шест години затвор поради измама и лажирање на смрт
Последната француска воена единица ќе биде повлечена од Германија во 2010 година
ЕУ ќе воведе визи за американските дипломати доколку Вашингтон не обезбеди безвизен режим со сите членки на Унијата
Владата и опозицијата во Шпанија постигнаа договор за борба со тероризмот
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи