
|
 |
Вести / Европа
Британските брачни партнери Дарвин осудени на по шест години затвор поради измама и лажирање на смрт
Лондон, 23 јули (МИА) - Судот во британскиот град Тиздејл ги прогласи за виновни брачните партнери Џон и Ен Дарвин за измама и фасификат за противправно стекнување имот, како и за лажорање на смртта на сопругот.
Како што јави дописникот на МИА од Лонсон, Џон е осуди на затворска казни од 6 години и три месеци, неговата сопруга Ен на 6,5 години.
Во текот на судењето беше докажано дека Ен Дарвин била подеднакво вмешана во криминалот што го го замислиле, како и за перење на пари. Таа е прогласена за партнер во извршениот криминал, уште пред лажното исчезнување на нејзиниот сопруг Џон и неговата исценирана смрт со давење во водите на Северно Море.
Обвинителство ја оквалификува Ен Дарвин како „непоправлив измамник“, која постојано изнсувајќи нови стории, верувајќи дека тоа што го кажува е вистина. На судот таа прво се обидуваше да се одбрани, префрлајќи ја вината врз сопругот Џон. Според Ен Дарвин, тој ја смислил измамата, а потоа ја присилил да се вклучи во неа, но Судот не го прифати тоа, па во завршниот збор на судијата беше речено дека сопружниците од почетокот до крајот дејствувале како тим.
Џон Дарвин уште претходно ја призна измамата и намерата на тој начин да земат пари за покривање на долг.
Случајот на брачната двојка Дарвин избувна во декември минатата година, кога сопругот самиот се пријави во една лондонска полициска станица, тврдејќи дека пати од амнезија и дека не знае кој е и дека на ништо не се сеќава. Бесе утврдено дека тој е човекот што полицијата го води како исчезнат уште од март 2002 година, сомневајќи се дека се удваил уптавувајќи го своето кану во Северно Море.
Истрагата покажа дека Џон не страда од амнезија и дека станува збор за вешта измама од големи размери, со цел да се прикрие и отплатат големите долгови што ги имале сопружниците, преку наплата на полисата за осигурување во случај на ненадејна смрт. Џон под лажен идентитет имал нов пасош и банкарси картички, а со парите сопружниците планирале да почнат нов живот во Панама.
Судот утврди дека Џон Дарвин повеќе од три години живеел во скриена соба бункер, покрај спалната соба на сопругата во нивната семејна куќа, криејќи си и од своите синови. Ен на своите им зборувала дека татко им се удаваил и насекаде кажувала дека е вдовица.
Покрај затворските казни, што се оценуваат како остри за ваков слуцај, ќе им биде конфискуван и целиот имот стекнат со криминално земените пари во Панама - еден стан, скап автомобил и закупен плац за уредување на туристичка населба.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|