
|
 |
Вести / Европа
Последната француска воена единица ќе биде повлечена од Германија во 2010 година
Сарбург, 23 јули (МИА) - Последната француска воена единица ќе биде повлечена од Германија во 2010 година, соопшти денеска во Сарбург висок француски воен претставник.
Француската база лоцирана на околу 200 хектари, распоредена е во Сарбург, во близина на Трир за време на окупацијата од страна на сојузниците по Втората светска војна. Во Сарбург денеска има околу 1.000 француски војници.
Најверојатно француската единица ќе биде преместена во Стразбур.
По повлекувањето на француската воена единица од Сарбург, во Германија ќе остане една француска трупа од 2.500 припадници на билингвалната франко-германска бригада во базата во Милхајм, во покраината Баден-Виртенберг.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
WEBmail |
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|