четврток, 24.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Европа

ЕУ ќе воведе визи за американските дипломати доколку Вашингтон не обезбеди безвизен режим со сите членки на Унијата

Брисел, 23 јули (МИА) -  Европската унија од 1 јануари 2009 година ќе воведе визи за американските дипломати доколку Вашингтон не обезбеди безвизен режим за сите земји членки на Унијата.

-Не е направен никаков опиплив напредок со САД, и покрај напорите на Европската Комисија  и пооделните земји членки, соопшти денеска Комисијата, додавајќи дека „ кога патуваат за САД на граѓаните на 12 земји членки на ЕУ се уште им се потребни визи“. 

Поради ова, ако не дојде до било каков напредок, Комисијата ќе предложи возвратни мерки, како што е повторно воведување на визи од 1 јануари 2009 година за американските дипломати, кои имаат дипломатски или службени пасоши, се наведува во соопштението на ЕК. 

Повеќето стари членки на ЕУ имаат безвизен режим со САД, но тоа не е случај и со 11 од 12 главно поранешни комунистички држави,  кои влегоа во Унијата во 2004 и 2007 година, ниту со старата членка Грција.


Наjновo од Вести
Барак Обама во посета на Берлин
Цената на нафтата опадна под 125 долари за барел
Инцидент во нуклеарна централа во Франција
Шефот на иранската нуклеарна агенција ќе се сретне со генералниот директор на МААЕ
Албанските биометрички пасоши и лични карти ќе ги изработува „Сагем Секурити“
Италијанскиот Сенат ја одобри ратификацијата на Лисабонскиот договор
Најмалку 43 лица се повредени во силниот земјотрес во Јапонија
Британските брачни партнери Дарвин осудени на по шест години затвор поради измама и лажирање на смрт
Последната француска воена единица ќе биде повлечена од Германија во 2010 година
ЕУ ќе воведе визи за американските дипломати доколку Вашингтон не обезбеди безвизен режим со сите членки на Унијата
Владата и опозицијата во Шпанија постигнаа договор за борба со тероризмот
Италија ги донесе мерките за борба со нелегалната имиграција
Tридневен страјк на британските пасошки службеници
Медведев огорчен од фактот дека државните функции во Русија можат да се купат со пари
Во Велика Британија штрајк на службениците за издавање на пасоши
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи