четврток, 24.07.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Европа

Владата и опозицијата во Шпанија постигнаа договор за борба со тероризмот

Мадрид, 23 јули (МИА) - Шпанскиот социјалистички премиер Хосе Луис Родригес Сапатеро и конзервативниот опозициски лидер Маријано Рахој денеска постигнаа договор за заедничата борба против тероризмот, ставајќи ги на страна долгогодишните префрлања и кавги околу баскиската сепаратистичка организација ЕТА, пренесува Танјуг. 

-Борбата против тероризмот ќе се темели на принципите меѓу кои се единството на демократските партии, меѓународната соработка и поддршка на полициските сили, соопшти Сапатеро. 

Баскиските градови ќе бидат должни да ги отстранат камените табли и другите изрази на почитување на сепаратистите, а планирани се и правни реформи, со кои ќе се гарантираат правата на жртвите, додаде шпанскиот премиер. 

Договорот претставува нова станица во односите на двете партии, по острите несогласувања за антитерористичката политика во периодот 2004-2008 година, кога Народната партија на Рахој ја обвинуваше социјалистичката влада на Сапатеро за мек став кога станува збор за терористите, истакнаа агенциите. 

Договорот меѓу Сапатеро и Рахој следи по вчерашната акција на шпанската полиција во која е откриена и разбиена една од најактивните терористички ќелии на ЕТА, а девет лица беа уапсени. 

ЕТА се смета за виновна за смртта на повеќе од 820 лица во текот на четири децениската борба за независност на Баскија.


Наjновo од Вести
Барак Обама во посета на Берлин
Цената на нафтата опадна под 125 долари за барел
Инцидент во нуклеарна централа во Франција
Шефот на иранската нуклеарна агенција ќе се сретне со генералниот директор на МААЕ
Албанските биометрички пасоши и лични карти ќе ги изработува „Сагем Секурити“
Италијанскиот Сенат ја одобри ратификацијата на Лисабонскиот договор
Најмалку 43 лица се повредени во силниот земјотрес во Јапонија
Британските брачни партнери Дарвин осудени на по шест години затвор поради измама и лажирање на смрт
Последната француска воена единица ќе биде повлечена од Германија во 2010 година
ЕУ ќе воведе визи за американските дипломати доколку Вашингтон не обезбеди безвизен режим со сите членки на Унијата
Владата и опозицијата во Шпанија постигнаа договор за борба со тероризмот
Италија ги донесе мерките за борба со нелегалната имиграција
Tридневен страјк на британските пасошки службеници
Медведев огорчен од фактот дека државните функции во Русија можат да се купат со пари
Во Велика Британија штрајк на службениците за издавање на пасоши
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
WEBmail
user:
pass:
Логирање на Web пошта
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи