
|
 |
Вести / Европа
Шеесет проценти од бегалците од Ирак бараат азил во Шведска
Гетеборг, 24 јули (МИА) - Шеесет проценти од бегалците од Ирак кои минатата година побарале азил во Европската унија своите азилантски молби ги поднеле во Шведска, јави дописникот на МИА од Гетеборг.
- Потребно е поголем број членки на ЕУ да преземат одговорност во прифаќањето ирачки бегалци, истакнува шведскиот министер за миграции Тобиас Билстром во својот дебатен напис што денеска го објави шведскиот дневен весник „Дагенс нихетр“.
Министерот Билстром потенцира дека Шведска во рамките на ЕУ презела најголема одговорност за бегалците од Ирак кои бараат заштита во Европа.
Но многумина Ирачани се уште се стационирани во бегалски логори, така што шведската Влада очекува дека за нив члениките на ЕУ сега ќе преземеат поголема одговорност.
Шведскиот министер за миграции ова прашање денеска ќе го дискутира на состанокот со своите колеги од ЕУ.
Околу пет милиони луѓе досега избегале од насилствата во Ирак. Неодамна беше објавено дека само Содертелје, општина со 80.000 жители во близина на Стокхолм, прифаќа повеќе бегалци од Ирак отколку САД и Канада заедно. Како последица на тоа се менува етничката структура на општината, при што Швеѓаните во се поголем обем го напуштаат Содертелје.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|