
|
 |
Вести / Европа
|
|
Францускиот Парламент ја усвои реформата на работното време, со која се настојува да се стави крај на 35-часовната работна седмица
Париз, 24 јули (МИА) - Францускиот Парламент конечно го усвои предлог-законот за промена на социјалната демократија, кој што во делот за реформа на работното време има цел да стави крај на 35-часовната работна седмица, јави АФП.
При гласањето во Сенатот, владејачкото мнозинство го поддржи текстот, а левата опозиција гласаше против и соопшти дека ќе се обрати до Уставниот совет, бидејќи според неа законот носи „социјална регресија“.
Парламентот го усвои и предлог-законот за правата и обврските на невработените, во кои се предвидува исклучување од списокот за добивање помош на невработениот, кој ќе одбие два „разумни предлози за работа“.
Десницата смета дека 35-часовната работна седмица штети на компетитивната моќ на Франција.
Усвоениот закон го почитува законското работно време на 35 часа седмично, но дозволува на секое претпријатие да го зголеми работното време, ако постигне договор со синдикатите или претставниците на персоналот.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|