петок, 29.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Европа

Лондонскиот „Њуз оф д ворлд“ го загуби спорот со претседателот на Меѓународната автомобилска федерација

Лондон, 24 јули (МИА) - Најтиражниот британски неделник„Њуз оф д ворлд“ го загуби судскиот спор со претседателот на Меѓународната автомобилска федерациа (ФИА) Макс Мозли, откако судијата на Вишиот суд во Лондон пресуди весникот да му исплати 60 илјади фунти отштета, поради повреда на приватноста.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, весникот во март оваа година објави голема сензационалистичка сторија за „сексуалната садо-мазохистичка оргија“ во станот на Мозли, збогатена со повеќе тајно снимени фотографии, за која тврдеше дека имала „нацистичко обележје“ и исто такви постпаки.

Појавувањето на сторијата, чии снимени видео делови беа веднаш ставени на Интернет, предизвика сензација во британската јавност и остри критики против Мозли. Тој беше повикан да поднесе оставка од функцијата во светскиот автомото спорт, а повеќе поранешни британски возачи на Формула 1 се согласија дека после откритијата на „Њуз оф д ворлд“, тој повеќе не може да раководи со ФИА.

Тоа предизвика Меѓународната автомобилска федерација да свика вонредна седница во Париз пролетва, на која се гласаше за довербата на Мозли. Со убедливо мнозинство, тој ја доби довербата на членовите на ФИА и најави тужба против весникот, обвинувајќи го дека му го уништил живототот, објавувајќи детали од „една приватна забава“.

Во текот на судењето Макс Мозли (68) призна дека во неговиот лондонски стан се одржала забава, на која биле повикани неколку лондонски проститутки, но дека немало никакви „нацистички оргии“.

Главниот уредник на весникот Колин Мајлер кој се согласил една од проститутките да оди на забавата озвучена и снабдена со малечка видео камера, се бранеше дека верувал оти постои „легитимен јавен интерес“ и правна основа за објавување на материјалот, што го добиле од тајното снимање.

- Мислевме дека гледаме снимки од нацистичка сексуална оргија, изјави главниот уредник.

Судијата утврди дека немало нацистичка оргија и дека не постоел јавен интерес за известување од домашна сексуална оргија, па пресуди отштета што е многу поголема од онаа што во претходните вакви спорови ја добија Наоми Кемпбел или Катерина Зита Џонс и Мајкл Даглас.

Макс Мозли е син на Освалд Мозли, голем почитувач на германскиот нацизам во триесетите години на минатиот век и претседател на британската фашистишка партија пред почетокот на Втората светска војна.


Наjновo од Вести
Во Мароко уапсени 15 членови на терористичка група поврзана со Ал Каеда
Грузија ги прекина дипломатските односи со Русија
Операторите подготвени за услугата преносливост на броеви
Нестеренко: Русија се надева дека ЕУ ќе направи разумна анализа на руско-грузиската криза
Караџиќ одби да се изјасни за вината пред Хашкиот трибунал
Бугарскатa бизнис групација „Чимимпорт“ сака да ја купи Поштенска банка
Италијанскиот генерал Џузепе Емилио Гај го презеде командувањето со КФОР
Молдавија е против признавањето на независноста на Јужна Осетија и Абхазија
Тројца милитантни екстремисти обвинети за заговор против Гордон Браун и Тони Блер
Фереро-Валднер: ЕУ нема да ги прекине дипломатските врски со Русија
Дејвид Милибанд: Русија не смее да госодари со сфери на влијание до нејзините граници
Косачов: Признавањето на Јужна Осетија не го менува рускиот став за Косово
ЕУ нема да воведи санкции за Русија, тврдат француски извори
„Дејли Телеграф“: Русија ќе ја прекина испораката на нафта ако ЕУ налож санкции против Москва
Русија ги обвини земјите од Г-7 дека ги оправдуваат агресивните дејствија на Грузија бидејќи ја осудуваат одлуката на Москва да ги признае Абхазија и Јужна Осетија
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи