
|
 |
Вести / Европа
|
|
Руската армија демантира оти руски бомбардери слетале на Куба
Москва, 24 јули (МИА) - Руски стратешки бомбардери не слетале на аеродромот во Куба и во други земји на Латинска Америка, изјави денеска за руски медиуми висок извор од руското Министерство за одбрана.
Рускиот весник „Известија“ во понеделникот пишуваше за можно враќање на руски стратешки бомбардери на Куба како одговор на американските планови за разместување елементи на противракетна одбрана во Чешка и Полска.
- Додека тие разместуваат системи на противракетна одбрана во Полска и во Чешка, нашите авиони на стратешката авијација веќе атерираат на Куба, изјавил за весникот неименуван извор. - Засега такви одлуки на политичко ниво нема, рекол изворот.
- Нашите бомбардери имаат право да ги користат странските аеродроми, вклучувајќи ги и кубанските, ако кубанското раководство не се противи. Без оглед што ќе бидат „пред носот на САД“, нема да претставуваат закана, како што нема да претставува ниту американскиот противракетен штит во Чешка, изјавил за рускиот печат поранешниот командант на руското Воено воздухопловство Анатолиј Корнуков.
Генералот Михаил Опарин, кој командуваше со далекулиниската авијација од 1997 до 2002 година, изјави дека можноста за слетување на руските стратешки бомбардери на Куба се разгледувала пред десет години, но тогаш не е донесена соодветна одлука.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|