
|
 |
Вести / Европа
|
|
Барак Обама во Берлин се сретна со Ангела Меркел
Берлин, 24 јули (МИА) - Германија се надева дека по претседателските избори во САД, оваа есен, американската дипломатија нема коренито да го промени својот надворешнополитички курс, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел на прес конференцијата во Берлин по средбата со Барак Обама.
Средбата меѓу Меркел и Обама траеше околу еден час, пренесе Франс прес.
-Разговорот беше многу отворен и мина во многу добра атмосфера, изјави портпаролот на канцеларката Урлих Вилхелм.
Двајцата политичари разгледале широк круг надворешнополитички прашања-Иран, Авганистан, Пакистан и блискоисточниот мировен процес, трансатлантската соработка, климатските и енергетските проблеми, ситуацијата во глобалната економија и меѓународната соработка за решавање на глобалните проблеми.
Обама и Меркел го потенцирале големото значење на тесните и пријателски германско-американски односи.
Сенаторот од Илиноис ќе се сретне и со шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер, а вечерва ќе оддржи говор пред Обелискот на победата, во близина на Брандербуршката порта, на кој ќе зборува за неопходноста од продлабочување на врските меѓу Европа и САД.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|