сабота, 06.09.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Европа

Русија ќе се спротивстави на американскиот противракетен штит со воени средства, тврди руски воен експерт

Москва, 25 јули (МИА) - Русија се подготвува да му се спротивстави на американскиот систем за противракетна одбрана во источна Европа со воени средства, во таа смисла и преку модификација на балистички ракети, изјави поранешниот началник на генерал-штабот на руските стратешки ракетни сили, Виктор Есин. 

- Руската реакција на распоредување на елементи на противракетниот штит на САД во Европа може да вклучува и воведување на усовршена варијанта на руската стратешка ракета „Топол-М“, вооружена со високо маневрирачко хиперсонично борбено полнење, како и активирање на голем број радарски станици, кои десеткратно ќе ја намалат ефикасноста на протиракетниот штит, нагласи Есин.

Тој додаде дека руските воени сили разгледуваат широк спектар од мерки, со кои адекватно ќе се одговори на опасноста, создадена од американскиот противракетен штит.

Една од компонентите на руската реакција, според Есин, е истрелување на балистички ракети во земјината орбита, од каде би можеле да нанесат удар преку Јужниот Пол без да потпаднат во опсегот на американскиот систем.

Друга мерка предвидува распроедување на ракетни системи во руската енклава Калининград и ставање во воена готовност на бомбардерите Ту-22 М3.

Според Есин Москва ја разгледува можноста да се повлече од руско-американскиот договор за намалување на вооружувањето, според кој двете земји до 2012 година треба за половина да го намалат своето нуклеарно вооружување.


Наjновo од Вести
Британските синдикати го обвинија Гордон Браун за предавство на лабуристичките симпатизери
СКМ го поддржува барањето пивото да не се третира какo алкохол
Цената на нафтата се намали во очекување на состанокот на ОПЕК
Дик Чејни ги поддржа амбициите на Украина за влез во НАТО
Врачени почесните признанија за хуманост „Мајка Тереза“
Тропската бура Хана се движи кон југоисточниот брег на САД, а по неа доаѓа ураганот Ајк
Нафтени компании го потткопуваат енергетскиот договор на Србија со„ Газпром“, тврди српски опозициски политичар
Не користете ја СТО за да ја казните Русија, предупредува еврокомесар за трговија
Побарана итна проверка на авионите „Боинг-777“ и моторите на „Ролс Ројс“
Рајс: Русија се самоизолира со конфликтот во Грузија
Најниска продажба на автомобили во Велика Британија во последните 40 години
Данците плаќаат најскапа храна во ЕУ
Конфликтот во Грузија нема да се одрази врз плановите за изградба на гасоводот „Набуко“
Изградбата на нова руска империја е крајната цел на Владимир Путин
Полска истражува наводи за затвори на ЦИА во државата
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи