понеделник, 01.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Tрет пораз на британските лабуристи на вонредните избори за пратеник во Вестминстер

Лондон, 25 јули (МИА) - Британските лабуристи доживеаја трет едноподруго пораз на вонредните избори за едно испразнето пратеничко место, овојпат во источен Глазгов, каде кандидатот на Шкотската националистицка партија (СНП) Џон Мејсон го победи лабуристичкиот противкандидат за само 350 гласови повеќе.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, оваа изборна единица досега важеше за „цврсто упориште“ на лабуристите, на кое гласачите по традиција им се наклонети, па се очекуваше дека и покрај сериозно разнишаниот рејтинг, партијата на премиерот Гордон Браун ќе успее да го помине овој тест.

Губењето и на уште едно пратеничко место, претставува нов тежок удар за партијата и за нејзиниот лидер. На последното гласање за британскиот Парламент, во мај 2005 година, тогашниот лабуристички лидер Тони Блер успеа да обезбеди предност пред СНП од преку 13.500 гласови и да ја направи оваа изборна единица, трето најсигурно место на територијата во Шкотска.

Вчерашното гласање беше спроведено затоа што досегашниот лабуристички пратеник Дејвид Маршал поднесе оставка, од како што беше речено, здравствени причини.

Лабуристите годинава покрај губењето на местото градоначалник на Лондон, ги загубија пратеничките места и во изборните единици во Крју и во Нанвиц и Хенли, предизвикувајќи на тој начин за драстичниот пад на довербата на партијата кај Британците.

Министерот во британската Влада Даглас Александар, кој беше одговорен за кампањата во Шкотска, го призна поразот и изјави дека резултатот од броењето на гласовите е „длабоко разочарувачки“.

Новиот британски пратеник Мејсон изјави дека победата е „глас на доверба за Шкотска, за шкотската Влада и за напредокот што го прави СНП“.

Во еуфорицната атмосфера што настана по соопштувањето на резултатите, Мејсон изборниот резултат го оквалификува како порака на Шкотланѓаните до Даунинг стрит 10, додека заменик лидерот на партијата Никола Стардзин изјави дека „победата во источен Глазгов има епски размери“. СНП која има минимално мнозинство во локалниот шкотски парламент од само еден пратеник, со малцинска влада управува со Шкотска од мај минатата година. Партијата и нејзиниот лидер Алекс Салмонд заговараат референдум за независност и отцепување на Шкотска од Велика Британија.


Наjновo од Вести
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Српскиот режисер Желимир Жилник ќе гостува во Кинотека на Македонија
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Тирана најавува нова национална стратегија против СИДА-та
Седница на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите
ЕК претстави план за борба против измами со ДДВ
Романот „Трчај дома“ од Лори Лансенс, најново издание на клубот „Матица“
ЕК повика на засилување на политиката на превенција од инфицирање со ХИВ/СИДА меѓу младите лица
Саркози, Туск и Тадиќ меѓу кандидатите за „европски политичар на годината“
Затвор за мајка во Германија поради убиство на две бебиња
Флоранс Хартман пред Хашки трибунал на 5 февруари идната година
Поплава во Венеција
Eксплозија во фабрика за пластика и хемикалии во англиската област Беркшир
На повидок втор референдум за Лисабонскиот договор во Ирска
Берлускони во нов судир на интереси
Државата ќе им дава хероин на зависниците во Данска
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи