
|
 |
Вести / Европа
Претседателите на Чешка и Полска потврдија дека не ги промениле позициите за Лисабонскиот договор
Прага, 25 јули (МИА) - Иднината на Лисабонскиот договор е во рацете на Ирска, чии што гласачи го отфрлија во јуни на референдум, изјавија претседателите на Полска и на Чешка, Лех Качински и Вацлав Клаус.
Качински и Клаус се сретнаа синоќа во замокот Лани во близина на Прага.
- Без промена во ирскиот резултат нема смисла да се продолжува да се зборува на таа тема, изјави Клаус кој што е познат по својот критички однос кон договорот, кој според него е премногу федералистички и многу наликува на европскот устав.
Посетата на Качински на Чешка роди претпоставки дека тој ќе го повика својот чешки колега да го поддржи договорот. Ниту Полска ниту Чешка досега не го ратификуваа документот.
Полскиот лидер, кој што исто така се смета за евроскептик и критичар на договорот, го повтори ветувањето дека неговата земја нема да го блокира договорот. Тој меѓутоа истакна дека сега топката е во полето на Ирците. - Клучот е во промената на ирската позиција. Нема договор без Ирска, но Полска нема да пречи на ратификацијата, рече тој.
Полскиот Парламент го ратификува договорот, но законот за ратификација се уште не е потпишан од претседателот. Чешка за неколку чекори поназад - ратификувањето во Парламентот е одложено, затоа што се очекува Уставниот суд да се произнесе дали документот не е во противречност со чешките закони.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|