петок, 29.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Европа

ЕУ се подготвува да собира податоци за патниците во авионите по примерот на САД

Брисел, 25 јули (МИА) - Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската унија вчера постигнаа принципиелна согласност по примерот на САД да создадат систем за собирање податоци за патниците во авионите, кои сообраќаат на територијата на Унијата, изјави францускиот министер за внатрешни работи Мишел Алио Мари.

Таа истакна дека сега останува Владите на земјите од Унијата да одлучат дали ќе се собираат податоци само за странци кои со авион патуваат за Европа или тоа ќе се прави и за граѓаните на ЕУ, како и при летовите внатре самата Унија.

Еврокомесарот за правда и внатрешни работи Жак Баро истакна дека целта е ваквиот систем да се создаде до крајот на 2009 година.

Баро настојува секоја земја-членка да има сопствен систем за собирање на податоци за патниците, со што лицата осомничени за тероризам би се спречиле да влезат на територијата на ЕУ.

Американскиот систем содржи податоци, кои авиокомпаниите ги собираат за патниците (име, возраст, пол, адреса и податоци од кредитни картички), пред тие да влезат во САД. Од гледна точка на безбедноста системот овозможува да се изврши проверка на секој патник, пред да стапне на американска територија.


Наjновo од Вести
Школски авион се урнал во близина на Охрид
Првични резултати за пријавени кандидати на државните универзитети во првиот уписен рок
Во Прилеп ќе се одржи манифестацијата „Летен културен бран“
Прилеп ја почнува кампањата за собирање и рециклирање пластична амбалажа
Груевски: Изградбата на северната трибина на Градскиот стадион според планираното
Уапсени двајца прилепчани осомничени за тешки кражби во Скопје
Нафтата поскапе поради заканата од ураганот Густав во Мексиканскиот залив
Швајцарската влада е против забраната за изградба на минариња во земјата
Жуков: И покрај замрзнувањето на односите Русија-НАТО останува на сила Договорот за ИСАФ
Додик: Нова политичка реалност на меѓународната политичка сцена
Рен:Брисел треба да го поддржи евентуалното членство на Украина во ЕУ
Уапсен уште еден осомничен за „заговорот“ против премиерот Браун и Тони Блер
Грузија ги редуцира дипломатските врски со Русија
НАТО го осуди признавањето на независноста на Абхазија и на Јужна Осетија
Ноговицин: Грузија планирање да ја окупира Абхазија
Потеринг: Треба да продолжи дијалогот меѓу Европа и Русија
НАТО со повик до Русија да ја повлече одлуката за признавање на независноста на Абхазија и Јужна Осетија
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи