сабота, 30.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Европа

Чеченци нападнале азилантско прифатилиште во Норвешка

Осло, 25 јули (МИА) - Дваесестина бегалци во азилантското прифатилиште во Остфолд, Норвешка се повредени во масовна тепачка по синоќешниот напад врз нив од страна на група Чеченци, пишува денеска норвешкиот дневен весник ”Афтенпостен”.

Како што јави дописникот на МИА, напаѓачите пристигнале кај азилантското прифатилиште со автомобили. Веднаш потоа тргнале во напад вооружени со метални шипки и, според полициски извори, веројатно и со мачети.

Осум лица се хоспитализирани во Фредрикстад, а уште дванаесет се пренесени во блоницата во Мос. Сторители избегале пред полицијата да пристигне на местото на настанот.

Според шефот на азилансткото прифатилиште, Уле Мортен Линг, напаѓачите биле Чеченци кои имале некаков конфликт со група азиланти Курди во прифатилиштето.

Причинте за вчерашниот инцидент засега се непознати, но во норвешкиот медиуми се шпекулира дека станува збор за конфликт испровоциран врз етничка основа.

– Не можеме да исклучиме таква теорија, но засега се уште не знаеме кои се сторителите и каков бил нивниот мотив, се истакнува во прес-соопштението на полицискиот дистрикт во Остфолд.


Наjновo од Вести
ЕУ да даде објективна оценка за настаните во Јужна Осетија
Косовар планирал атентат врз британскиот премиер
Грчки интернет страници нападнати од "Македонската Сајбер Елита"
Во судири во Пакистан убиени 26 лица
Во судири во Пакистан убиени 26 лица
Во Мароко уапсени 15 членови на терористичка група поврзана со Ал Каеда
Грузија ги прекина дипломатските односи со Русија
Нестеренко: Русија се надева дека ЕУ ќе направи разумна анализа на руско-грузиската криза
Молдавија е против признавањето на независноста на Јужна Осетија и Абхазија
Тројца милитантни екстремисти обвинети за заговор против Гордон Браун и Тони Блер
Фереро-Валднер: ЕУ нема да ги прекине дипломатските врски со Русија
Дејвид Милибанд: Русија не смее да госодари со сфери на влијание до нејзините граници
Косачов: Признавањето на Јужна Осетија не го менува рускиот став за Косово
ЕУ нема да воведи санкции за Русија, тврдат француски извори
„Дејли Телеграф“: Русија ќе ја прекина испораката на нафта ако ЕУ налож санкции против Москва
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи