петок, 29.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Европа

Ирачкиот премиер Нури ал Малики примен од папата Бенедикт 16-ти

Рим, 25 јули (МИА) - Ирачкиот премиер Нури ал Малики денеска беше примен од папата Бенедикт 16-ти во неговата летна резиденција-замокот Гандолфо, во близина на Рим, соопштија агенциите.

Малики од Берлин пристигна во Рим вчера попладне. Тој се поклони на гробот на папата Јован Павле Втори,  во криптата на базиликата „Свети Петар“, а синоќа разговараше со италијанскиот премиер Силвио Берлускони. 

-Знаме дека Бенедикт Шеснаесетти ги става на срце настаните во Ирак. Средбата со него е една од главните причини за мојата посета на Италија, изјави Малики за италијанската агенција АНСА. 

Малики го покани папата да го посети Ирак и истакна дека тоа би помогнало во процесот на помирување. 

-Ја обновивме поканата кон Неговата светост да го посети Ирак. Тој ја поздрави поканата. Се надеваме дека и ќе не посети во најскоро време. Неговата посета ќе значи поддршка на напорите за постигнување љубов и мир во Ирак, изјави ирачкиот премиер по приватната аудиенција кај папата, пренесе Франс прес. 

Малики додаде дека тој и папата ја разгледале ситуацијата со христијаните во Ирак. Премиерот ги повика тие што ја напуштија земјата по почетокот на војната во 2003 година да се вратат и да помогнат во нејзиното обвновување.


Наjновo од Вести
Школски авион се урнал во близина на Охрид
Првични резултати за пријавени кандидати на државните универзитети во првиот уписен рок
Во Прилеп ќе се одржи манифестацијата „Летен културен бран“
Прилеп ја почнува кампањата за собирање и рециклирање пластична амбалажа
Груевски: Изградбата на северната трибина на Градскиот стадион според планираното
Уапсени двајца прилепчани осомничени за тешки кражби во Скопје
Нафтата поскапе поради заканата од ураганот Густав во Мексиканскиот залив
Швајцарската влада е против забраната за изградба на минариња во земјата
Жуков: И покрај замрзнувањето на односите Русија-НАТО останува на сила Договорот за ИСАФ
Додик: Нова политичка реалност на меѓународната политичка сцена
Рен:Брисел треба да го поддржи евентуалното членство на Украина во ЕУ
Уапсен уште еден осомничен за „заговорот“ против премиерот Браун и Тони Блер
Грузија ги редуцира дипломатските врски со Русија
НАТО го осуди признавањето на независноста на Абхазија и на Јужна Осетија
Ноговицин: Грузија планирање да ја окупира Абхазија
Потеринг: Треба да продолжи дијалогот меѓу Европа и Русија
НАТО со повик до Русија да ја повлече одлуката за признавање на независноста на Абхазија и Јужна Осетија
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи