
|
 |
Вести / Европа
Говорот на Обама во Берлин предизвика воодушевување меѓу Германците
Берлин, 25 јули (МИА) - Говорот на Барак Обама, кандидатот на Демократската партија за претседател на САД, пред 200.000 лица во Берлин предизвика големо воодушевување меѓу Германците. Германските весници јавниот настап на Обама пред Обелискот на победата го оценија како историски настан, пренесоа американските медиуми.
Берлиснкиот таблоид „В-З“ на првата страница објави огромна фотографија на сенаторот под наслов „Американскиот принц го прегрнува Берлин“.
Најпродаваниот германски весник „Билд“ забележа дека демократот е пречекан како попѕвезда.
Портпаролот на германскиот канцелар Ангела Меркел, Урлих Вилхелм изјави дека говорот на Обама испрати „ позитивен сигнал кон Европа“.
-Повикот на сенаторот од Илиноис за потесна меѓународна соработка во борбата со светските предизвици е во харминија со погледите на канцеларката Меркел и на нејзината коалициска влада, изјави Вилхелм.
Во својот говор сенаторот Обама ги истакна очекувањата на многумина за посериозен придонес на Германија кон напорите на НАТО во Авганситан, иако тоа беше кажано во завиена форма.
-Народот во Аваганистан има потреба од нашата војска и од вашата војска, изјави Обама од говорницата, зафаќајќи ја темата која го дели германското општество.
Во моментов во Авганистан се распордени 3.500 германски војници и се очекува нивниот број да се зголеми на 4.500.
Зголемувањето на бројноста на германските војници во Авганистан има поддршка од политичките партии, само доколку војниците бидат распоредени во севернио помирен регион на земјата. Оваа идеја, меѓутоа, не е прифатлива во пошироката јавност, затоа што постои опасност засилувањњето на германското воено присуство во Авганмистан да биде следено од зголемен ризик од терористички напади против Германија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|