сабота, 30.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Европа

„Дејли Телеграф“: Роман Абрамович се враќа во руската политика како локален советник во Чукотската Област

Лондон, 25 јули (МИА) - Рускиот милијардер Роман Абрамович, кој неколку години живее во Велика Британија главно ангажаиран како сопственик на лондонскиот фудбалски клуб „Челзи“, одлучи повторно да се врати во руската политика, само неколку недели по соопштението дека се повлекол од функцијата на која го имаше поставено поранешниот руски претседател Владимир Путин, пишува „Дејли Телеграф“.

Како што јави дописникот на МИА од Лондон, весникот вели дека бизнисменот Абрамович, кој живее во скапа резиденција во отмен лондонски крај, прифатил да биде локален советник во далечната руска област Чукотка, каде ќе треба да ги застапува интересите на околу 55 илјади тамошни жители, сите главно одгледувачи и чувари на стада ирваси.

До пред кусо време Абрамович беше гувернер на таа област, каде во зима температурата паѓа и до 60 степени Целзиусови под нулата, на функција која се смета дека не е ништо поголема од онаа на еден локален советник. Тој поднесе оставка на половината на својот втор мандат, што претседателот Дмитриј Медведев ја прифати, па се сметаше дека со тоа завршува неговото учество во руската политика. Абрамович во фондови за побрз развој на областа Чукотка има вложена стотици милиони фунти свои пари.

Од канцеларијата на Абрамовил, каде е потврдено неговото враќање во политиката, нема објаснување зошто по толку кусо време тој се предомисли и прифати една минорна локална политичка функција, која тешко е да се верува дека ќе мозе лично да ја извршува или да присуствува на седниците на локалната власт.

Според „Дејли Телеграф“, Роман Абрамович  во дба наврати прифати да биде гуверер на Чукотка од Лондон, само за да ја докаже својата лојалност кон Кремљ во времето кога другите руски олигарси или беа во судир со властите во Москва.


Наjновo од Вести
ЕУ да даде објективна оценка за настаните во Јужна Осетија
Косовар планирал атентат врз британскиот премиер
Грчки интернет страници нападнати од "Македонската Сајбер Елита"
Во судири во Пакистан убиени 26 лица
Во судири во Пакистан убиени 26 лица
Во Мароко уапсени 15 членови на терористичка група поврзана со Ал Каеда
Грузија ги прекина дипломатските односи со Русија
Нестеренко: Русија се надева дека ЕУ ќе направи разумна анализа на руско-грузиската криза
Молдавија е против признавањето на независноста на Јужна Осетија и Абхазија
Тројца милитантни екстремисти обвинети за заговор против Гордон Браун и Тони Блер
Фереро-Валднер: ЕУ нема да ги прекине дипломатските врски со Русија
Дејвид Милибанд: Русија не смее да госодари со сфери на влијание до нејзините граници
Косачов: Признавањето на Јужна Осетија не го менува рускиот став за Косово
ЕУ нема да воведи санкции за Русија, тврдат француски извори
„Дејли Телеграф“: Русија ќе ја прекина испораката на нафта ако ЕУ налож санкции против Москва
Infected Mushroom
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи