Вести / Европа
Британската Влада демантира дека планира промена на нуклеарните боеви глави
Лондон, 25 јули (МИА) - Британската Влада го демантираше пишувањето на лондонски „Гардијан“ за тоа дека постои план за замена на нуклеарните боеви глави, за што, како што пишува весникот во својот денешен број, би требало да се потрошат преу три милијарди фунти, јави дописникот на МИА од Лондон.
Според изјавата на претставник на Министерството за одбрана, нема никаков план за изведување на една таква операција, кој би бил дел од планот за усовршување на нуклеарниот систем Трајдент.
Во изјавата за британската јавност, претставникот на Министерството рече дека никаква одлука нама да се донесе пред следните парламентарни избори, но во секој случај тоа ќе се направи дури после 2010 година.
„Гардијан“ за своето тврдење се повикува на „доверливи“ владини материјали, до кои дошол врз основа на Законот за слободен пристап до информации, од кои можело да се види дека Владата се подготвува да изврши замена на сегашниот британски воен нуклеарен потенцијал.
|
|