
|
 |
Вести / Европа
Лидерот на британските конзервативци бара предвремени избори
Лондон, 25 јули (МИА) - Лидерот на британската Конзервативна партија Дејвид Камерон, побара денеска од премиерот Гордон Браун одржување на предвремени парламентарни избори, за да се спречи продолжувањето на кризата во сега владејачката лабуристичка партија, по нејзиниот последен тежок пораз на вчерашните избори за едно испразнето пратничко место во источен Глазгов, Шкотска.
Во изборната единица што досега важеше за една од трите најбезбедни лабуристички упоришта на територијата на Шкотска, кандидатот на партијата на Гордон Браун беше поразен од пратеничкиот кандидат на Шкотската националистичка партија (СНП), губејки преку 22 отсто од гласовите што досега ги имаа лабуристите, освоени на последните парламентарни избори во 2005 година.
Камерон изјави дека во сегашнава ситуција, на земјата и е потребна промена и таа треба да се изврши со предвремени избори, не чекајќи го истекувањето на крајниот рок во мај 2010 година.
- Британските гласачи веќе покажаа дека сакаат промена, гласајќи против лабуристите на сите три вонредни избори за испразнети пратенички места, како и на локалните избори и на гласањето за градоначалник на Лондон, реце Камерон.
Лидерот на ториевците потсети дека неговата партија изминатите месеци покажа како планира да се справи со насилството на улиците, со поскапувањето на животот, како и со состојбите во политиката.
Премиерот Гордон Браун во првата реакција по новиот изборен пораз изјави дека Владата продолжува со својата работа во справувањето со состојбите и проблемите, за кои рече дека се „глобални“, изразувајќи надеж дека и покрај она што се случи вчера во Глазгов, Британците знаат да проценат кој навистина води сметка за надминување на сегашната ситуација во економијата.
Министерот за одбрана Дез Браун, коментирајќи го вчерасниот пораз, призна дека лабуристите имале „тешка ноќ“, но побара од членовите на партијата да останат „мирни и обединети околу лидерот Гордон Браун“.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|