
|
 |
Вести / Европа
Руски воен авион нападна воена база во близина на Тбилиси
Тбилиси, 8 август (МИА) - Руски воени авиони денеска ја бомбардираа грузиската воена воздушна база Вазиани која се наоѓа на 25 километри од главниот град на Грузија, Тбилиси, изјави висок претставник на грузиските безбедносни сили.
- Нема настрадани, но неколку згради се оштетени, изјавил Каха Ламаја.
- Тие ни објавија војна, истакна Ламаја.
Во меѓувреме, портпролот на грузиското МВР Шота Утиашвили за Франс прес изјави дека грузиската воена авојација соборила два руски воени авиони.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|