Грузијa предупреди за војна доколку руски сили влезат во бунтовничкиот регион (ДПЛ)
Тбилиси, 8 август (МИА) - Грузискиот Национален совет за одбрана денеска предупреди дека Москва и Тбилиси ќе бидат во војна доколку извештаите за придвижување на руски тенкови и воени камиони и војници бидат точни.
- Доколку е точно дека руските трупи и воена опрема се на пат кон Грузија, тоа значи дека ние сме во состојба на војна со Русија, изјави Алексадер Ломаиа, секретар на Советот.
Предупредувањето беше дадено откако медиумите јавија за придвижување на руски тенкови, воени камиони и трупи биле забележани како се движат кон Јужна Осетија.
|