
|
 |
Вести / Европа
На земјите од поранешниот Советски сојуз им се заканува вистинска епидемија на СИДА
Мексико Сити, 8 август (МИА) - Некои земји на поранешниот Советски сојуз се наоѓаат пред избивање на вистинска епидемија на вирусот ХИВ која се шири меѓу корисниците на дрога, лицата за пружање сексуални услуги и хомосексуалците, предупредија експертите на 17-та Светска конференција за СИДА-та која денеска завршува во Мексико Сити.
Директорот на Глобалниот фонд за борба против СИДА-та, туберкулозата и маларијата Мишел Казачкин, на Конференцијата изрази голема загриженост поради епидемијата на СИДА која се заканува на земјите на просторот на поранешниот Советски Сојуз.
Според изјавата на Казачкин, експертите стравуваат дека епидемијата, која се шири меѓу одредени групи на населението, може да се прошири на целокупното население.
Според податоците на организацијата при ОН за борба против СИДА-та, во текот на 2007 година 110.000 лица биле заразени од висрусот ХИВ во источна и централна Европа, а 58.000 луѓе умреле од оваа болест.
Многу лица се погодени од СИДА-та кои живеат во Русија (69 отсто), или во Украина (29 отсто), а многу од нив се лица кои земаат дрога интравенозно и лица кои за пари стапуваат во полни односи со други лица, како и нивните партнери.
Некои учесници на Конференцијата истакнаа дека хомофобијата односно ирационалниот страв или омразата према хомосексуалците, поттикнуваат ширење на СИДА-та, додека програмите за замена на иглите едвај почнуваат да се спроведуваат.
Помалку од четвртина од населението во источна Европа и централна Азија на кои им се потребни антивирусни лекови имаат пристап кон овие лекови.
Учесниците на Конференцијата констатираа и дека целта која ОН ја поставиле во 2006 година, антивирусните лекови да се обезбедат до крајот на оваа деценија за сите пациенти во светот на кои им се потребни, нема да биде остварена во сите земји. - Никој од нас не мисли дека оваа цел ќе може секаде целосно да се оствари, изјави Казачкин за група новинари.
Во светот има 67 земји кои на разни начини оневозможуваат влез на лица заразени од СИДА. Меѓутоа, Кина и САД на Конференцијата најавија дека оваа забрана ќе ја укинат во текот на следната година.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|