
|
 |
Вести / Европа
|
|
Вредноста на криминалната економија во Британија е околу 40 милијарди фунти
Лондон,8 август (МИА) - Вредноста на криминалната економија на подземјето во Велика Британија се проценува на 40 милијарди фунти,покажуваат податоците на едно големо истражување правено врз разузнавачки сознанија и проценки на полициски експерти ,што е денеска публикувано.Како што јави дописникот на МИА од Лондон, се смета дека барем 27 "босови" ги предводат своите криминални "империи" директно од британските затвори.
Откриено е дека организиран криминал има лоцирано во дури 1000 активни криминални мрежи,кои покажуваат дека контролата на подземјето во Британија и понатаму го држат британски "семејства" и покрај навлегувањето на криминалните организации од Источна Европа и од Југоисточна Азија,во изминатите десет години.
Повеке од 15 илјади луге се вклучени во организираниот криминал.Само во Лондон се регистрирани 170 банди,од кои некој имаат мошне цврста и прецизно уредена организациона хиерархија,додека други се сведени на нивото на обични улични банди.
Истражувањето утврди дека во Ливерпул организацијата на криминалното подземје е уредена како семеен бизнис, а дека во реонот на Мирсисајд и Манчестер се разместени криминалните организации кои ја контролираат дрогата на јужниот брег од Британија.
Покрај домашните криминални банди,забележливо е присуството на странските групи кои главно се занимаваат со шверцувањето дрога,на оружје и на фалсификувана стока која се внесува однадвор.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|