Вести / Европа
Русија разочарана од реакцијата на САД за случувањата во Јужна Осетија
Вашингтон, 12 август (МИА) - Русија е разочарана од реакцијата на САД за случувањата во Јужна Осетија, изјави за американското радио Ен-Пи-Ар Александар Дарчиев, висок претставник на Русија во Амбасадата во САД.
- Разочарани сме од реакцијата на некои наши западни партнери и пред се од САД. Американската администрација молчеше додека грузиската страна го уриваше Цхинвали, но веднаш се нафрлија со тешки обвинувања против Русија кога испративме поддршка на нашите мировници за да го спасиме цивилното население од жестоки и ладнокрвни убиства, наведе Дарчиев.
Тој потенцира дека Русија нема намера да ја окупира Грузија.
- Најдоброто што може да направи претседателот Михаил Сакашвили е да престане со измамите и со обидите да склучува зделки. Доволно е само да ги повлече грузиските единици од Јужна Осетија, потенцира Дарчиев.
Грузискиот народ „сам ќе ја решава судбината на својот лидер авантурист кој има целосна одговорност за агресијата и масовното убиство цивили“, истакна Дарчиев во интервјуто.
|
|