вторник, 12.08.2008

  IDIVIDI Мени
Клуб на пријатели
Вести / Европа

Буш ја повика Русија да ја прекине воената операција во Грузија

Вашингтон, 12 август (МИА) - Американскиот претседател Џорџ Буш ја повика Русија да ја прекине воената операција во Грузија и ги нарече акциите на Москва недозволена инвазија врз суверена држава.

- Русија нападна суверена соседна држава и и се закани на демократската Влада избрана од народот. Таквите акции се недозволиви во 21 век, изјави синоќа Буш по враќањето од Пекинг.

Тој додаде дека евентуалната „драматична и брутална ескалација“ на руската воена операција на грузиска територија може да биде закана за односите меѓу Русија и Западот.

- Загрижен сум од соопштенијата дека руски војски се движат надвор од зоната на конфликтот напаѓајќи го грузискиот град Гори и заканувајќи му се на грузискиот главен град Тбилиси. Постојат информации дека е можно руските сили наскоро да почнат со бомбардирање на цивилниот аеродром во Тбилиси. Ако тие информации се точни, таквите руски акции би претставувале драматична и брутална ескалација на конфликтот во Грузија, нагласи Буш.

Сооред него, продолжувањето на конфликтот во Јужна Осетија „е несоодветно со доказите дадени од Русија дека целите се за да се обнови статус кво ситуацијата“ која била пред да почнат борбите.

- Владата на Русија треба да го почитува територијалниот интегритет и сувреноста на Грузија... и да прифати договор за мир како прв чекор кон решавањето на конфликтот, повика Буш и додаде дека акциите на Русија оставија „сериозни прашања“ за нејзините намери спрема Грузија и Кавкаскиот регион.

Западни медиуми коментираат дека и покрај тврдиот тон на изјавата на Буш во неа не е содржана конкретна закана за какви било последици кон Русија ако таа не ги почитува предупредувањата.


Сродни вести
Русија разочарана од реакцијата на САД за случувањата во Јужна Осетија
Саркози ќе ги посети Москва и Тбилиси
Русија не ја прифати нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност изготвена од Франција
Седници на Советот на НAТО и Советот НАТО-Русија
Силите на Абхазија целосно ја контролираат Кодорската клисура
Руските воени сили се повлекоа од грузискиот град Сенаки
Советот за безбедност на ОН вечерва ќе одржи петта вонредна седница за руско-грузискиот конфликт
Михаил Саакашвили: Руската војска конторлира поголем дел од Грузија
Полска, Украина и Литванија бараат испраќање на мировна мисија на ЕУ во Грузија
Руски хакери блокираат грузиски владини сајтови
Руското Министерство за одбрана негира дека руската војска го зазела Гори
САД испрати посредник за решавање на руско-грузискиот конфликт
Ломаја: Руската војска го зазеде Гори оти грузиските сили се повлекоа од градот
Кушнер и Стуб пристигнаа во Северна Осетија
Црвениот крст ќе испрати 15 тони помош за Грузија
Грузиската авијација бомбардира цели во Цхинвали
Руската војска ги зазеде грузиските градови Зугдиди и Сенаки
Русија бара итен состанок со НАТО
Саакашвили и Кушнер евакуирани од Гори
Руска војска навлегла во Грузија од страна на Абхазија
Наjновo од Вести
Груевски бара од Нимиц да се разговара и за признавањето на МПЦ
Грузија побара воена помош од Турција
МФН со повик до завојуваните страни во Јужна Осетија за почитување на правото на слобода на печатот
Земјотрес во Венецуела
Бомбашки напад во Пакистан - десет загинати 11 повредени
Москва објасни дека во грузиското пристаниште Поти престојувала само руска разузнавачка единица, која се повлекла
Меккејн ја предупреди Русија на последици од судирот во Грузија
Русија разочарана од реакцијата на САД за случувањата во Јужна Осетија
Буш ја повика Русија да ја прекине воената операција во Грузија
Саркози ќе ги посети Москва и Тбилиси
Русија не ја прифати нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност изготвена од Франција
Седници на Советот на НAТО и Советот НАТО-Русија
Силите на Абхазија целосно ја контролираат Кодорската клисура
Руските воени сили се повлекоа од грузискиот град Сенаки
  IDIVIDI Сервиси
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи