Вести / Европа
Саркози ќе ги посети Москва и Тбилиси
Москва, 12 август (МИА) - Францускиот претседател Никола Саркози денеска ќе ги посети Москва и Тбилиси во обид да биде најден излез од руско-грузискиот воен конфликт. Сакрози чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, во Москва ќе разговара со рускиот претседател Дмитриј Медведев. Тој вечерва ќе пристигне во Тбилиси каде ќе има средба со грузискиот претседател Михаел Сакашвили. Во соопштението од Кабинетот се истакнува дека вчера тој во два наврати разговарал со Медведев. Тој исто така разговарал и со италијанскиот премиер Силвио Берлускони и германскиот канцелар Ангела Меркел за начините за постигнување брз договор за прекин на конфликтот во Јужна Осетија.
|