
|
 |
Вести / Европа
|
|
Седници на Советот на НAТО и Советот НАТО-Русија
Брисел, 12 август (МИА) - Средба на Советот на НАТО со минстерот за надворешни работи на Грузија Ека Кешелашвили и вонредна седница на Советот на НАТО-Русија ќе се одржат денеска во Брисел.
Двете седници ќе бидат посветени на руско-грузискиот конфликт во Јужна Осетија. Според западни медиуми, амбасадорите од 26-те членки на Алијансата го прекинуваат годишниот одмор за да ги ислушаат позициите на Тбилиси за кризата.
НАТО веќе ги оцени дејствијата на Русија во Грузија како „непропорционални“ и повика за прекин на воените акции. Алијансата повика за почитување на територијалниот интегритет на Грузија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|