Силите на Абхазија целосно ја контролираат Кодорската клисура
Москва, 12 август (МИА) - Силите на Абхазија целосно ја контролираат Кодорската клисура, изјави портпарол на Министерството за одбрана во Сухуми. Грузиските пунктови поставени покрај клисурата, се блокирани, навел портпаролот за АФП.
Единици на Абхазија почнаа утрово офанзива за протерување на грузиските сили од горниот дел од таа област. Грузија од своја страна, соопшти дека ги одбила сите напади врз воени единици во тој регион.
Северниот дел од Кодорската клисура е единствениот реон на Абхазија кој е се уште под контрола на Владата во Тбилиси.
Во операцијата против грузиските сили учествуваат само абхаски војници и резервисти и таму нема ниту еден руски војник, изјави минстерот за надворешни работи на Абхазија Сергеј Шамба.
|