Михаил Саакашвили: Руската војска конторлира поголем дел од Грузија
Тбилиси, 11 август (МИА) - Руската војска вечерва ја зазеде полициската станица од централниот автопат, кој го поврзува западниот со источниот дел на Грузија, изјави грузискиот претседател Михаил Саакашвили.
Тој наведе дека Русија ја блокирала Грузија на копно, на воздух и на море и оти контролира значителен дел од територијата на земјата.
Саакашвили истакна дека и 18 или 19 руски воени авиони се соборени, а стотици руски војници загинале.
Претходно заменик-началникот на рускиот Генералштаб Анатолиј Ноговицин дека во Јужна Осетија загинале 18 руски војници, 52 биле ранети, а четири авиони биле соборени. Тој додаде дека 14 руски војници се водат како исчезнати.
|