Руското Министерство за одбрана негира дека руската војска го зазела Гори
Москва, 11 август (МИА) - Руското Министерство за одбрана демантираше дека војската го зазела грузискиот град Гори.
Министерството за одбрана во Москва соопшти дека „во Гори нема руска војска“.
Претходно, секретарот на Советот за национална безбедност на Грузија, Александар Ломаја изјави дека „руски сили го зазедоа најголемиот грузиски град во близина на Јужна Осетија, Гори“.
Тој наведе дека грузиските вооружени сили добиле наредба да се повлечат од Гори и да ги зајакант позициите во близина на градот Мцхета, кој е 24 километри оддалечен од главниот грузиски град, Тбилиси.
Гори се наоаѓа на 90 километри од Тбилиси.
|