Ломаја: Руската војска го зазеде Гори оти грузиските сили се повлекоа од градот
Тбилиси, 11 август (МИА) - Руските сили го зазедоа најголемиот грузиски град во близина на Јужна Осетија, Гори, изјави секретарот на Советот за национална безбедност на Грузија, Александар Ломаја.
Тој наведе дека грузиските вооружени сили добиле наредба да се повлечат од Гори и да ги зајакант позициите во близина на градот Мцхета, кој е 24 километри оддалечен од главниот грузиски град, Тбилиси.
Гори се наоаѓа на 90 километри од Тбилиси.
|