Кушнер и Стуб пристигнаа во Северна Осетија
Москва, 11 август (МИА) - Минситрите за надворешни работи на Франција и на Финска, Бернар Кушнер и Александар Стуб денеска пристигнаа во Владикавказ, админситративниот центар на Сееврна Осетија.
Кушнер и Стуб синоќа пристигнаа во Тбилиси во посредничка мисија, како претставници на Европската унија и на Огранизацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ). Од Владикавказ тие ќе отпатуваат за Москва.
Целта на Кушнер и на Стуб е во Владикавказ да ја оцената состојбата со беглаците од Јужна Осетија.
|