Руската војска ги зазеде грузиските градови Зугдиди и Сенаки
Тбилиси, 11 август (МИА) - Руската војска влезе во во западногрузискиот град Зугдиди, во близина на сепаратистичкиот регион Абхазија, соопшти грузиското Министерство за внатрешни работи Шота Утиашвили.
Тој наведе дека руската војска ја зазела и грузиската воена база во Сенаки, исто во близина на Абхазија.
- Воената база била напуштена, во неа имало само неколку луѓе од обезбедувањето, наведе Утиашвили.
Претходно, руското Министерство за одбрана потврди дека во реонот на Сенаки се водат воени дејствија.
|