вторник, 02.12.2008

  IDIVIDI Мени
Вести / Европа

Уапсен уште еден осомничен за „заговорот“ против премиерот Браун и Тони Блер

Лондон, 27 август (МИА) - Британската полиција денес потврди дека уште едно лице е уапсено во врска со истрагата за „заговорот“ планиран за да се убие британскиот премиер Гордон Браун, јави дописникот на МИА од Лондон.

Идентитетот на уапсениот не е соопштен, освен што се наведува дека станува збор за 29-годишен маж и дека тој е уапсен во англискиот град Дерби ,врз основа на законот за борба со тероризмот.

Досега вкупно пет лица се наоѓаат во притвор осомничени дека се дел од „заговор што почна уште во јануари годинава“ насочен против Браун и поранешниот британски премиер Тони Блер.

Првите тројца беа уапсени на 14 август, во моментот кога се подготвуваа да ја напуштат земјата, а четвртиот е притворен во вторникот во Блекбурн. Тој е маж кој преминал во исламската вероисповест.

Апсењата се извршени врз основата на откритијата на пораките на еден џихадистичка интеренет-страница, но полицијата тврди дека Браун и Блер не биле изложени на директна закана, ниту во некој момент постоела опасност по нивната безбедност. На интенет-страницата стоеле повици за ликвидација на актуелниот и на поранешниот британски премиер.


Наjновo од Вести
Прекината седницата на собраниската Комисија за здравство
НУБ „Св. Климент Охридски“ одбележа сто години од раѓањето на Кочо Рацин
Во Милано уапсени двајца осомничени терористи
Најмалку 14 повредени во судири на Западниот Брег
ТК - Прилеп најавува навремен откуп на тутунот и исплата за максимум три дена
Христофиас и Талат забележаа напредок за прашања поврзани со управувањето на Островот во случај на обединување
Најава за прекин на штрајкот во Гостиварско
Во Шпанија најголема невработеност во последните 12 години
Фратини: Односите со Русија се од стратешко значење за НАТО
На Етна пронајден мртов фотограф
Украинските парламентарци не го избраа новиот претседател на Врховната Рада
Новата австриска влада даде заклетва пред претседателот Хајнц Фишер
Холандиja ја забрани продажбата на свежи халуциногени печурки
Британскиот уметник Марк Леки ја доби наградата "Тарнер"
Советот на НАТО на ниво на шефови на дипломатии заседава во Брисел
Цените на пијалоците во ирските пабови една година ќе бидат непроменети поради кризата
  IDIVIDI Сервиси
Едукација
Multibox
Мое видео
Chat
Фото
MAXarena
Webmail
Кој е кој
Download
E-cards
Форум
Games
Именик
Огласи
Речник
Астрономија
Deutsche Welle
Пребарување
Пребарување по клучен збор во содржина
 
корисничко име
лозинка
WEBmail
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
A1 телевизија
IDIVIDI™, Copyright Македонски Телеком - 2004
преземи