
|
 |
Вести / Европа
|
|
НАТО го осуди признавањето на независноста на Абхазија и на Јужна Осетија
Брисел, 27 август (МИА) - Северноатлантската алијанса го осуди прознавањето на независноста на Абхазија и на Јужна Осетија од страна на Русија и ја повика Москва да промисли за таквата одлука.
- НАТО ја осудува одлуката на Руската Федерација да ја признае независноста на грузиските региони Абхазија и Јужна Осетија и ја повикува Русија да ја смени одлуката, се наведува во соопштението на Алијансата.
Исто така, во соопштението се наведува дека одлуката на Русија крши многу резолуции на Советот за безбедност при Обединетите нации кои се однесуваат на територијалната целост на Грузија.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|