
|
 |
Вести / Европа
|
|
Швајцарската влада е против забраната за изградба на минариња во земјата
Женева, 27 август (МИА) - Владата на Швајцарија е против идејата на популистичката десница за организирање референдум за прашањето за прифаќање на законот што забранува изградба на минариња во земјата, пренесе Франс прес.
Во соопштението на владиниот кабинет се наведува дека оваа забрана ќе биде во спротивност со религиските слободи во Швајцарија и против принципот на недискриминација, бидејќи е насочен против религиозниот симбол на исламот, каков што е минарето, но не и против слични конструкции кои го отелотворуваат исповедувањето во другите религии.
Според кабинетот, предлог законот за забрана на изградбата на минариња ги нарушува правата на човекот и е во спротивност со вредностите на швајцарскиот устав.
Предлог законот ќе и попречи на интеграцијата на муслиманите во Швајцарија и вооопшто нема да го запре ширењето на исламскиот фундаментализам во земјата, се наведува во соопштението на владата.
Популистичката десница во земјата во поддршка на организирањето референдум веќе собра 113.000 потписи.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|