
|
 |
Вести / Европа
|
|
Жуков: И покрај замрзнувањето на односите Русија-НАТО останува на сила Договорот за ИСАФ
Брисел, 27 август (МИА) - Договорот меѓу Русија и НАТО, со кој и е дозволено на Алијанстата да ја користи руската територија за достави на мисијата во Авганистан останува на сила, и покрај одлуката на Москва да ја замрзне воената соработка со Сееврноатлантската алијанса поради кризата во Грузија, изјави денеска рускиот претсатвник во НАТО, полковник Андреј Жуков.
Договорот е потпиша во април од поранешниот руски претседател Владимир Путин, со кој се дозволува транспорт на невоени достави за силите на НАТО во Авганистан. За таа цел, според договорот Алијансата може да најми и транспортни авиони на приватни компании од Русија и од Украина.
Постојаниот руски претставник во НАТО, Дмитриј Рогозин вчера најави дека односите со НАТО ќе бидат прекинати во наредните шест месеци, со исклучок на соработката во Авганистан.
|
|
|
 |
|
 |
 |
Пребарување
|
|
|
|
|
|
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
| Powered by MagnumPRO |
|
|
|